Нов удар за џебот, лебот поскап за три денари

Bez autora
Feb 28 2011

Се случи она што сите го предвидуваа. Лебот повторно поскапи. Од денеска тој ќе се продава за три денари повеќе. Повеќе производители на леб и на печива вчера ги доставија новите ценовници до маркетите со повисоки цени за три денари на повеќе видови леб, а кои ќе важат од денеска. Мелничарите си го остварија своето. Чекајќи го одговорот од Владата на нивните барања за интервенција со пченица од стоковни резерви, со цел набргу да не дојде до ново поскапување на лебот, го изгубија трпението. Додека владините министри тактизираат и постојано резервирано одговараа дека „се следат состојбите и оти на некоја седница ќе биде разгледано барањето на мелничарите“, лебот пак поскапи. Дали Владата денеска ќе реши да се огласи со каква било реакција или ќе почека лебот уште малку да поскапи?

Нов удар за џебот, лебот поскап за три денариСе случи она што сите го предвидуваа. Лебот повторно поскапи. Од денеска тој ќе се продава за три денари повеќе.

Повеќе производители на леб и на печива вчера ги доставија новите ценовници до маркетите со повисоки цени за три денари на повеќе видови леб, а кои ќе важат од денеска. Мелничарите си го остварија своето. Чекајќи го одговорот од Владата на нивните барања за интервенција со пченица од стоковни резерви, со цел набргу да не дојде до ново поскапување на лебот, го изгубија трпението. Додека владините министри тактизираат и постојано резервирано одговараа дека „се следат состојбите и оти на некоја седница ќе биде разгледано барањето на мелничарите“, лебот пак поскапи.

Дали Владата денеска ќе реши да се огласи со каква било реакција или ќе почека лебот уште малку да поскапи?

Последното поскапување на лебот за три денари од страна на повеќето производители беше пред речиси еден месец. Не издржаа оние што сакаа малку да почекаат со новата цена. Во почетокот на февруари скокна и таканаречениот социјален леб на велешки „Жито Вардар“, наменет за пензионерите со ниски пензии и за социјалните случаи. Тој се продаваше за 18 денари. Поскапеа и другите видови леб од оваа фирма, исто така, за два денара.

„Ќе почнеме да се враќаме во старите времиња и леб ќе месиме дома. Не затоа што е модерно, туку за да успееме за исти пари да обезбедиме доволно леб за семејството. Од еден килограм брашно, што сега чини околу 40 денари, со вода и со квасец се добиваат три леба за кои, ако се купат, ќе треба да се платат околу 70 денари. Пострашно е што тука нема да се запре, затоа што сега пак ќе поскапи струјата, па и лебот ќе оди угоре“, вели Марија Николовска од Скопје.

Производителите на леб и на печива неодамна реагираа дека не ќе можат уште долго да издржат со истите цени, затоа што килограм брашно од 25 денари што мелничарите им го продаваат е тотално неисплатливо. На тоа се додаваат и другите трошоци, како што се гасот и нафтата, чии цени постојано растат.

Мелничарите, пак, уште пред крајот на 2010 година предупредија дека ги трошат последните резерви на жита и оти се ограничени да увезат затоа што цената на житото на светските берзи е повисока за 40 проценти во споредба со лани и уште расте. Бараа државата итно да реагира со ослободување на 25. 000 тони жито од стоковните резерви за да може барам на кус рок да се одложат новите поскапувања.

Од Асоцијацијата на земјоделци деновиве информираа дека веќе речиси целиот домашен род од пченица е потрошен.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik